Исцелителна служба и ослободување

16
Фев

Кадешто е Господовиот Дух таму е слободата, така, преку Пастор Кјамил и Хариета Зекировски од Христијанска Црква Блага Вест во РМ – Прилеп, Светиот Дух дејствуваше во служба за ослободување од демони, проклетства и болести во Име на Господ Исус Христос. Словото коешто тој го проповедаше, беше потврдено со манифестации и сите присутни беа благословени со неговото гостување. Божјата љубов се чувствуваше меѓу присутните кои прегрнати во еден глас го славеа Бога.