24
Фев
“Ослободување” беше темата која го задржа вниманието на присутните на Богослужбата во Христијанска Црква Блага Вест во РМ каде Епископ Константин Кајшаров даде практични насоки за тоа како да ги препознаеме нападите на непријателот и смело да дејствуваме со вера во Бога. Веднаш потоа сите заедно пристапивме кон Спомен Господова Вечера со понизни срца, прославувајќи Го Господовото Име. Кога Светиот Дух води секогаш е посебно и уникатно, па така и овојпат Епископ Константин Кајшаров дејствуваше во служба на ослободување од демони, болести, маѓии и проклетства на присутните во Името на Господ Исус Христос. Божјата благодат изобилно се излеа врз присутните кои со благодарност Го славеа Бога.