Во ХЦ Блага Вест во РМ, започна сезона на благослови и молитви со нова содржина. Имавме силни молитви со благодарни срца, духовно војување и објава на Божјите слова кои не се враќаат без плод, туку го прават она за кое се испратени.
Секој кој дојде прими благослов и заедно го прославивме Божјото име. Слушнавме сведоштва за Божји исцелувања и ослободувања во името на Господ Исус Христос. Си заминавме наквасени во љубовта Божја, со копнеж за нова средба.