На Богослужбата во Христијанска Црква Блага Вест во РМ на тема “Диспензации, вера и Божји Авторитет” присутните се нахранија со богата духовна храна и информации базирани на Светото Писмо кои даваат нов правец во животот. Ѓакон Јана Савовска даде детален осврт на темата за диспензации, а веднаш потоа дел од членовите на групата Океани споделија зошто е важно да живееме под благодата на Бога. Потоа на присутните им се обратија Пасторите Николче и Јулијана Спироски осврнувајќи се на важноста од примената на Божјиот Авторитет со вера во Името на Господ Исус Христос.
На крај сите заедно Го прославивме Името Господово, благодарни што не’ собира во Негово Име и за Негова слава!