Божјото Слово како компас во нашиот живот

18
Мај

Вечер на духовно охрабрување, во Христијанска Црква Блага Вест на РМ.

Прекрасното славење на Богослужбата, не пренесе во Царството Божјо, а Пастор Ќамил Зекироски од Прилеп, преку поуките кои ни ги сподели, не потсети за неопходноста од секојдневното читање и медитирање на Божјото Слово, Библијата, кое е како компас во нашиот живот, односно огледало кое покажува каде грешиме.

Тој ја истакна и важноста од заедништвото во Црквата, но и дека е вистински благослов да си ученик, кој е во процес на учење на здрава Христова наука без религиозни примеси, како што ја примаме од нашите Епископи Константин и Милена Кајшаров.