Богослужба со Господова спомен вечера

02
Јун

Како што се штимаат жиците на една гитара, така и Благодатта го штима погледот и срцето на верникот кон Христос. Така му овозможуваш на Светиот Дух да ја изврши преобразбата на твојот карактер, за да станеш се посличен на Христос.

Силно Слово кое Бог го излеа преку Епископ Константин Кајшаров, на Богослужбата која се одржа во Скопје на 31.05.2025 година во ХЦ Блага Вест во РМ, кое донесе свежина, обнова и радост.

Вистинска наситка со потребна духовна храна!
Заеднички примивме Господова Спомен Вечера и во единство и радост го славевме Бога.