Радосно, полетно, благословено, така помина денешниот празник Педесетница во Христијанска Црква Блага Вест во РМ. Многу луѓе дојдоа заедно да го прославиме денот кој го означува почетокот на Новозаветната Црква преку излевањето на Светиот Дух врз Апостолите, 50 дена од кога Исус Воскреснал. Кратко обраќање на почетокот имаа ѓакон Анита Христова Димчева, како и пасторите на црквите во Охрид и Прилеп, Николче Спироски и Ќамил Зекироски.
Потоа, проповед одржа Епископ Константин Кајшаров, а имаше и молитва за крштевање во Светиот Дух каде луѓето проговореа на непознати јазици. На крајот, настанот беше заокружен со промоција на најновиот музички албум со современа Христијанска музика “Исус Доаѓа” од Константин Кајшаров, каде сите заедно во еден глас го славевме Господ Исус Христос бидејќи сѐ е од Него, за Него и преку Него, Алелуја!