01
Јул
Кога љубовта кон Бога е поголема од желбата да си дома, тогаш колку и да е топло надвор, тебе местото ти е во Божјиот дом. Затоа секогаш во Христијанска Црква Блага Вест во РМ е полно, бидејќи Божјата љубов пребива во нашите срца, а за неа зборуваше и Епископ Константин Кајшаров на проповедта после која следеше и Спомен Господова Вечера. Се разделивме во радост пеејќи во еден глас и славејќи го Името на Господ Исус Христос кое е над секое име.