Изминатиов викенд во Христијанска Црква Блага Вест во РМ беше многу радосно и благословено. Во саботата, на 28.06.2025 во Скопје се одржа Богослужба со Спомен Господова Вечера, а во неделата, на 29.06.2025 во Прилеп, имаше отварање на новата локација на Црквата таму.
Топлото гостопримство на пасторите Ќамил и Хариета Зекироски беше израз на Божјото присуство и помазание, каде во радоста од Бога сите согледаа како Божјата визија за Црквата во Прилеп на ХЦ Блага Вест во РМ се реализираше со нов објект.
На отварањето присуствуваа Епископ Константин и Милена Кајшаров, пасторите на Црквата во Охрид – Николче и Јулијана Спироски, како и многу верници од разни градови кои дојдоа заедно да го прославиме овој радосен ден каде Благодатта Божја се излеа врз сите.
Одсега, блесокот на Радосната Вест ќе свети постојано и во Прилеп, а сите ќе можат да доаѓаат на Богослужби, како и на молитви за исцелувања и ослободување од проклетства и демони во Име на Господ Исус Христос.
Алелуја, нека расте Црквата!