“Разбирање на соништата” беше темата на Пасторскиот Состанок на кој јасно се увиде која е разликата помеѓу гатач и гледач од аспект на соништата. Средбата се одржа во Христијанска Црква Блага Вест во РМ, верниците поставуваа прашања, а Епископ Константин и Милена Кајшаров дадоа одговори и совети за тоа како да бидеме подесени за да примаме виденија и соништа од Бога.
Атмосферата беше динамична и полна со радост, со Божји откровенија, но и со благодарни срца што како Божји синови и ќерки сме повикани да Му служиме на Бога во Дух и Вистина!