Велик, Чудесен и Прекрасен е нашиот Господ Исус Христос!
И оваа вечер ги издигнавме во единство нашите молитви кон Него, нашите срца одново беа трогнати од Божјата љубов, а нашите усни пееја прославителни песни за Бога! Некои за првпат Го избраа Христос за свој Господ и Спасител, други примија исцелување, а сите заедно Му оддадовме слава на Бога преку Исус Христос, нашиот Господ!