15
Сеп
Создадени сме од Бога за Него, а не за себе, затоа не треба да се бориме, грижиме и обременуваме, туку да научиме да зависиме од Бога. Божјата Благодат е привлечена од нашата слабост, затоа да не се срамиме и прикриваме со тврдоглави своеволни трудења, туку да дозволиме Господ Исус Христос да менаџира со нашиот живот, а така и нашата духовна атмосфера ќе се промени. Ова се само дел од многуте поуки кои Епископ Константин Кајшаров ги изнесе на Богослужбата одржана викендов во Скопје, која сите ги допре и освести, а се заокружи со Господова Спомен вечера и Славење на Бога.