Значењето и разликата помеѓу спасението и наградите на небото

29
Сеп

На Богослужбата викендов, Епископ Константин Кајшаров зборуваше за значењето и разликата помеѓу спасението и наградите на небото, а верниците од ХЦ Блага Вест во РМ, му врачија дарови на земјата како внимание за неговиот 44ти роденден. Со сета почит и љубов, во полната сала, радосни и весели во Духот, заедно славевме и благодаревме, бидејќи Бог ни го даде Константин како благослов, за да биде благослов за мнозина, Слава на Господ Исус Христос!