Библискиот принцип на давање десеток и приноси

07
Окт

Изминатиот викенд на Специјалната Богослужба во Христијанска Црква Блага Вест во РМ, дел од служителите дадоа јасен осврт за важноста на Библискиот принцип на давање десеток и приноси како израз на почит и послушност кон Бога. Ние сме благословени заради Христос и делото кое Тој го изврши на крстот за сите нас, па така секој од присутните доби потврда во срцето дека треба да биде одврзан од светот и материјалното, а сврзан само за Христос на Кого Му ја оддаваме сета слава, чест и величие. Алелуја!