23
Окт
Изминатиов викенд во Лондон, Епископ Константин и Милена Кајшаров беа гости на Црквата “Алфа и Омега” под водство на пастор Џина Прат. Црквата го славеше нејзиниот 13ти роденден, а исто толку години слави и Епископ Константин од Богојавлението кое му го промени животот и се новороди во Христа. После Славењето на Исусовото Име, тој имаше проповед која се заокружи со исцелителна служба во Име на Господ Исус Христос, а вечерта заврши со торта и дружба меѓу верниците. Сите радосни и допрени од Бога, се разотидоа на различни страни на светот, но со иста желба повторно да се сретнеме наскоро за да растеме во спознанието за Христа.