Бог не нѐ создал за да останеме заробени во аквариумот на овој ограничен свет, туку секојдневно нѐ повикува да нуркаме во длабочините на океанот на Неговата совршена љубов. Силно Слово споделено од Епископ Константин Кајшаров на вчерашната Богослужба, кое донесе свежина, охрабрување и поттик за суштинско разбирање на тоа кој е нашиот вистински идентитет, а можеме да го разбереме само тогаш кога осознаваме кои сме во Христа и кога имаме откровение за тоа кој е Бог.
Беа споделени и искуства од верници за тоа како го имаат доживеано Бог во својот живот, каде што секое сведоштво беше само потврда на чудесната Божја благодат.
Присеќавајќи се на тоа што Господ Исус Христос направи за нас на крстот, пристапивме кон Господова Спомен Вечера, а потоа со прославителни песни му оддадовме Слава.