Вчерашната Богослужба, која се одржа во ХЦ Блага Вест во РМ, беше посветена на денот на Реформацијата. Неколкумина браќа и сестри од Црквата зборуваа на оваа тема, пренесувајќи ја пораката дека вистинската реформација се случува кога човекот го има Христос во срцето и допушта Светиот Дух од внатре да ја направи промената.
И како што во тоа време, Господ го подигнал германскиот реформатор Мартин Лутер, да биде гласот на промената, да ја донесе светлината во духовната темнина која владеела тогаш, и да ја разбуди Црквата, така во денешно време сме благословени што ги имаме нашите Епископи Константин и Милена Кајшаров. Како духовни реформатори на оваа генерација, тие се луѓе преку кои Бог ни дава јасни увиди и вистинско разбирање на Словото. А како служители кои се верни на повикот, нѐ инспирираат да бидеме и ние носители на промените, но не со религија, туку живеејќи живо христијанство.
Богослужбата заврши со застапничка молитва и славење, каде со прославителни песни и во радост, го издигнавме Христовото Име.