Kонференција за славење во Дух и вистина

04
Ное

Изминативе денови, под водство на Епископ Константин Кајшаров, дел од тимот за славење при Христијанска црква Блага вест во РМ гостуваа на ” Worship Conference in Truth and In Spirit” која се одржа во Софија, Бугарија, во организација на Црква Крстопат и пастор Венци Стојков.

На Конференцијата гостуваа претставници на тимовите за Славење на “Church of God” – Црква Божја од Македонија, Бугарија, Хрватска, Србија, Полска, а гостин на истата беше и д-р Џонатан Аугустин од САД, кој е Надгледник на Црква Божја во истите региони.

Во рамки на настанот се склучија пријателства, се одржаа работилници, панел дискусии, се слушнаа кратки проповеди, имаше молитви за сите нации и се славеше Господовото име на разни јазици, под водство на тимовите за славење од секоја земја, предводени од своите лидери. Слава на Бога за оваа можност заедно да Го издигнуваме името на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.