Исус, кормиларот на нашиот живот

16
Ное

На вчерашната Богослужба одржана во Х.Ц. Блага Вест во Скопје, водена од епископ Константин Кајшаров, беа споделени поуки за охрабрување, потсетување, за тоа дека колку повеќе наоѓаме наситка во Бог и Божјото Слово, толку повеќе ќе бидеме изненадени од начинот на кој Тој не снабдува и дејствува на уникатен начин во нашиот живот. Ако заеднички чекориме со Исус и Му дозволиме да управува со кормилото на нашиот живот, тогаш ќе научиме да пловиме по морето и во длабоки води на Неговата љубов, која ни дава поинаква смисла во животот. Вечерта ја заокруживме со радосно пристапување кон Господова Спомен Вечера, издигајќи го Името на Господ Исус Христос со прославителни песни.