Ослободување за исцелување

30
Ное

Чудесно ослободување од зло, анатеми, страдања, болести и стравови, доживеаа сите присутни на вчерашната Богослужба во ХЦ Блага Вест во РМ. Се прослави името на Господ Исус Христос со прекрасни христијански песни, а две новороденчиња беа посветени на Бога во службата што ја водеше епископ Константин Кајшаров. Радоста како огнена љубов пламтеше во секое срце кое беше допрено од присуството на Светиот Дух.

Исцелителното помазание во Името на Господ Исус Христос ги избрка демоните, ги сруши сатанските упоришта, ги разреши од проклетства оние кои беа присутни и дојдени од сите страни на светот. Наскоро следува бесплатен семинар за обучување на луѓето во Исцелување со ракополагање. Слава на Бога за сѐ што прави во нашата Црква!