Изградување на победничка вера

04
Јан

Во новата 2026 година се одржа првата Богослужба на Христијанската Црква „Блага Вест“ во РМ. Со огнено славење и издигнување на Христовото име ја започнавме и оваа година каде Епископ Константин Кајшаров имаше силна проповед на темата за „Изградување на победничката вера“, а после тоа црквата и верниците примија и благослов за целата година.

Меѓу другото беа промовирани и најчитаните книги за изминатата година и извештај за активностите на Црквата од цела 2025 година.

Прекрасна Богослужба во Новата 2026 година, Слава на Господ Исус Христос!