Исус влегува во понизно и отворено срце

18
Јан

Господ Исус Христос сака да живее и пребива во нашите срца, Тој да не води и управува, но Исус влегува во она срце кое е понизно и е отворено за Него. А кога Исус царува во нас, егото замолчува и животот добива смисла.

Тоа беа дел од поуките од Словото, споделени од Пастор Ќамил Зеќироски на вчерашната Богослужба одржана во ХЦ Блага Вест во РМ, при тоа истакнувајќи колку е важно да сме во постојана врска и единство со Бога, но и нелицемерни и понизни пред Бога, зошто средбата со Исус започнува со понизност.

Беше споделено и сведоштво за тоа како лутината и гордоста можат да го оттргнат верникот од црквата, од Божјиот дом во кој имаме заштита, како чадор кој го заштитува секој верник. Со радосни срца Го прославивме Господовото Име, благодарни за љубовта и милоста Божја!