Дали постојат демони?
Демоните не се измислени ликови од приказните — туку тие се реалност и денес!
Ние верниците не сме повикани да бидеме пасивни слушатели туку да бидеме духовни оперативци кои се спротивставуваат на злото, користејќи го авторитетот кој ни е даден во Име на Господ Исус Христос!
Бог е ист вчера, денес и довека, и чудата што некогаш ги правел, ги прави и денес!
Тоа беа дел од поуките кои на вчерашната Богослужба беа споделени како кратко потсетување од пастор Јулијана Спироска и Епископ Константин Кајшаров кој продлабочи во Словото со разобличување на царството на сатаната-демоните, и рушење на сатанските упоришта кои се дел од непроменетите умови на верниците.
Целата средба беше исполнета со Божјото присуство, со силата на Светиот Дух, и се излеа Божјата благодат и исцелително помазание врз присутните, додека Епископ Константин Кајшаров дејствуваше во служба на ослободување од демони, болести, и во крштевањето со Светиот Дух, во Името на Господ Исус Христос.
Благословени сме што Бог ни дава можност да научиме како да ја применуваме власта која ни е дадена во Име на Господ Исус Христос, и што во нашата црква Х.Ц. Блага вест во РМ, имаме кој да ни ја пренесе за да ја практикуваме во нашето секојдневие.