13
Фев
Кога Светиот Дух води секогаш е уникатно и различно, па така беше и вчера на пасторски состанок кој се одржа во Христијанска Црква Блага Вест во РМ, под менторство на Епископите Константин и Милена Кајшаров.
Со родителска грижа за Божјите деца, Епископ Константин Кајшаров прво сподели здрава духовна храна, со потсетување дека фокусот и центарот на нашиот живот е Исус!
Верниците имаа можност да поставуваат прашања од секојдневниот живот, при што добија одговори базирани на Светото Писмо за тоа како да се има практичен живот со вера во Бога.
Сите радосни и исполнети, заминавме со поттик за крупни промени во нашите животи и повторна средба што поскоро!