Будна вера и молитва

01
Мар

На вчерашната Богослужба која се одржа во ХЦ Блага Вест во РМ, се потсетивме на Даровите на Светиот Дух како богатство дадено од Таткото Небесен, а Пастор Ќамил Зекироски зборуваше за значењето на будна вера, која секој христијанин треба да ја има и практикува.

Епископ Константин Кајшаров истакна колку е голема нашата одговорност како христијани, кога нашата вера е будна ни налага да ја шириме Радосната Вест и Евангелието на мирот до секое создание, како наша обврска и задача, без исклучок.

Потоа имавме групна молитва каде присутните добија ослободување и разрешување од синџирите на заблуда кои ги влечеа назад.

Радосни, благодарни и ослободени Му оддадовме слава и благодарност на нашиот Господ Исус Христос со прославителни песни препуштени во Духот!