02
Апр
Во време кога сите на 1ви Април ја празнуваат лагата, ние во ХЦ Блага Вест во РМ гласно ја зборуваме Вистината и ја разобличуваме лагата, предводени од нашиот Епископ Константин Кајшаров.
Тој и на Богослужбата вчера, јасно и гласно ги распара мрежите на ѓаволот, но поучуваше со многу љубов, разјаснувајќи стихови од Словото и охрабрувајќи ги луѓето да не прават компромиси со своите сведоштва, притоа да му оддаваат Слава само на Господ Исус Христос. Така, кренати во Духот, полетни во песни за Славење си заминавме инспирирани за нови подвизи за да се прослави Христос! Алелуја, само преку Тебе Исусе ние победуваме!