13
Апр
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!
Тоа не е само фраза туку Вистина која се живее бидејќи Исус ја донесе Благодатта Божја и е вечно жив.
На свечената Богослужба на ХЦ Блага Вест во РМ во преполната сала, сите заедно се радувавме на најголемиот христијански празник каде уживавме во богатата програма која вклучуваше славење на Господовото Име, детски рецитал, промоција на нови песни, читање стихови од Библијата, претстава од Библиски сцени, но она што остави најголем печат во сечие срце беше проповедта на Епископ Константин Кајшаров која до солзи нѐ трогна заради нејзината суштина.
Со прославителни песни го заокруживме и овој настан одаавајќи Му слава на Господ Исус Христос и си заминавме на различни страни да ја шириме Радосната Вест.