Прими го благословот

26
Апр

Словото Божјо не е философија, туку лек на рана и порака која носи спасение. Вчера во ХЦ Блага Вест во МК, Епископ Константин Кајшаров проповедаше, а присутните се наситуваа со духовна храна која стана основа за нов живот. Оние кои дојдоа за првпат го избраа Господ Исус Христос за свој Бог и Спасител, потоа сите заедно примивме Спомен Господова вечера, а на крајот вечерта се заокружи со молитви за исцелување и ослободување каде пастор Ќамил се молеше заедно со Епископ Константин. Светиот Дух ја излеваше Божјата Сила врз сите, а бариерите и затворените врати во животот на луѓето Тој ги отвараше и благословуваше.

Потоа, радосни и полетни сите го прославивме името на Господ Исус Христос во еден глас.