06
Мај
Кога постојано би Го слушал Бог да ти зборува, можеш ли да замислиш каков би бил твојот живот и како би им влијаел на луѓето околу тебе?
Ние можеме да ја исполнуваме Божјата Волја со слушањето на Божјиот Глас, да зачекориме во димензијата низ која можеме духовно да делуваме за Божја Слава.
Ова е само дел од извадоците од книгата „Како да го слушнеш Божјиот глас” од П-р, М-р Константин Кајшаров, кои беа споделени од Славица Кузмановска, Виктор Кузмановски, Кристина Стојановска, Дарко Стојановски, Андреј Ристовски, во рамките на Духовната ризница одржана во Х.Ц. Блага Вест во РМ.
Ако сакаш да дознаеш повеќе за тоа како да се подесиш на најдобриот канал на Божјата фрекфенција, да го слушаш Божјиот глас, тогаш дојди на наредната Духовна ризница.