Богослужба: Како да зачекориме кон успех?

10
Мај

На оваа тема говореа Маја и Саша Димитријевиќ на вчерашната Богослужба во ХЦ Блага Вест во РМ, кои споделија лични сведоштва за постигнување на добросостојба базирани на библиска основа и на поуките и насоките од Епископ Константин Кајшаров. Тие истакнаа дека Бог го има најдоброто за нас, а ние го примаме тоа преку вера во Него. Најважен напредок и успех е нашата релација и единство со Господ Исус Христос кое во нас изградува победнички менталитет. Победата за нас е веќе извојувана на крстот, а наша задача е да ја разгласиме во сите аспекти на нашиот живот.

Сите присутни поттикнати во вера и разгорени во Духот, со благодарност и радост Го прославија Господовото Име!