Интерактивниот Пасторски состанок – 23.05.2026

24
Мај

Интерактивниот Пасторски состанок со П-р. Константин Кајшаров, беше силно духовно искуство кое ги отвори очите на присутните кои му поставуваа прашања, а тој одговараше. Темите стануваа подлабоки и разбравме дека она што во светот го нарекуваат вонземјани или вампири, тоа Бог го нарекува изрод и дека го има во Светото Писмо со детален опис.

П-р. Константин безпоштедно зборуваше од Откровение 6 глава и Исаија 2 глава, теми кои се поврзани со подземните градови во светот, системот на антихристот и дигиталната идентификација, како и за она што следува. Сите бевме охрабрени да се надеваме само на Бога и да читаме Свето Писмо со водство на Светиот Дух. Оваа духовна атмосфера заврши со нова задача, каде Пасторот направи комбинации за соработка кои треба да се реализираат меѓу присутните со цел единство и сплотеност.

Чудесен бран на блаженост искусивме сите на оваа средба и секогаш се потврдува впечатокот дека овие состаноци се длабоки и носат промени, но тие се како терапија, како некогаш на почетокот со многу љубов и Божји оган кога почувствуваме како Господ Исус Христос нѐ собира.