Кога се вљубуваш во Христа, се одљубуваш од гревот. Кога си со Христос тогаш не си со светот.
Ова беше клучната порака која Епископ Константин Кајшаров ја сподели на вчерашната Богослужба во ХЦ Блага Вест во РМ, која ги потикна верниците на преиспитување, за тоа кој е нивниот идентитет во Христа, и зошто се повикани.
Пастор Јулијана Спироска даде клучна порака дека ние не сме било кои, туку сме избраници Божји и дека како такви треба да се однесуваме.
Веднаш потоа сите заедно пристапивме кон заедничка Господова Спомен Вечера потсетувајќи се на важноста за Исусовата жртва на крстот за нас.
Радоста како океан на Божјата љубов пламтеше во секое срце кое беше допрено од присуството на Светиот Дух, славејќи го Господ Исус Христос со прославителни песни.