Богослужба: Духовна менора

26
Јул

Со нежните звуци на гитарата, тивко славење и силни благодарствени молитви започна вчерашната Богослужба во ХЦ Блага Вест во РМ со многу интересна тема. Епископ Константин Кајшаров во својата јасна проповед користејќи ја менората како пример даде портрет на духовната менора – Светиот Дух во сета Негова полнота, која се открива преку седумте атрибути на Светиот Дух (7те Божји духови пред Престолот од Откровение), а кои во целост беа исполнети во Исус Христос.

Оние што беа присутни научија голема Божја тајна и една од подлабоките теолошки теми во Библијата. Како што тече маслото низ менората, така треба да дозволиме да тече благодатта од Бога низ нас, да блескаме со светлината на Божјиот Свети Дух и да ја шириме Радосната вест.

Божјиот оган ги разгоре срцата на присутните кои со нови песни и химни Го славеа Господовото Име, откако претходно искусија исцелување и ослободување од демони во Име на Господ Исус Христос!