02
Авг
Црквата е место каде се учиме нa Божјата љубов и ја практикуваме истата. Таа љубов се ослободува преку верата, која доаѓа од слушање на Божјото Слово, а тоа пак не учи да го сакаме ближниот како себе си и со љубов да си служиме еден на друг.
Само така поучувајќи се од Словото зрееме и растеме духовно. Благодарни сме што вчера имавме уште еден интерактивен, поучен и полн со љубов – Пасторски состанок одржан во ХЦ Блага Вест во РМ во Скопје, на кој Пастор Константин Кајшаров поучуваше од Божјото Слово, а заврши со Славење на Исусовото Име и применување на Божјата љубов на дело во полната сала.