Богослужба: Водството од Светиот Дух

10
Авг

И во Струга – Оган! Огнено и радосно се доживеа присуството на Светот Дух на Богослужбата на ХЦ Блага Вест во РМ, која се одржа вчера во преполната сала во Струга. Службата на Епископ Константин Кајшаров преку силната проповед допре до многу присутни, а поканети беа и ѓаконите Јана и Анита да допринесат со силни духовни пораки.

Потоа пристапивме кон Спомен Господова вечера, а после славењето, дел од присутните пристапија и кон Водно покајничко крштевање. Чудесни плодови и ефекти се забележуваат од Службата на К.Кајшаров, а Христијанската Црква Блага Вест во РМ постојано расте заради Благодатта на Бога која што е секогаш свежа, силна и на жедните им дава лек за душа. Каде и да одиме, Господ повикува нови луѓе, можеби е време да ни се придружиш и ти!