
ЗАЕДНИШТВО ВО ХРИСТА И ШТО Е ЦРКВА
Христијаните сме повикани да имаат заедништво со други Христијани,да поминуваат време со нив и да ја покажуваат љубовта еден спрема друг,но и љубовта спрема Бог.
Возљубени, да се љубиме еден со друг, зашто љубовта е од Бога и секој кој љуби од Бога е роден и Го познава Бога.
1 Јован 4:7 MKB
Да имаш заедништво со Христос значи да си новороден, да имаш обновен ум,да Му угодуваш на Бога мислејќи на она што е горе на небото а не на земните работи, да водиш разговор до Бог,да бидиш Негов најдобар пријател.
Кога Го имаме Исус во себе,Го издигнуваме го прославуваме Неговото Име, Неговата љубов тече низ нашите срца,ја искажуваме благодарноста за се што имаме, живееме осветен живот и се покоруваме на Неговата воља.
Да поминуваш време со други Христијани значи да одиш во црква.
А црква е молитвен дом каде се собрани верници во Името на Исус ,заедништво на верници со покајани срца и отворени за Бог чија вера се изградува од Библијата.
Верниците се тулите кои ја изградуваат црквата.
та дозволете од самите вас, како живи камења, да се изгради духовен дом, свето свештенство, за да принесувате духовни жртви, кои Му се пријатни на Бога, преку Исуса Христа.
1 Петар 2:5 MKB
Црквата треба да биде чиста,света, непорпчна, без дамка,без флека, па затоа Христијаните треба да имаат осветен живот, живот без грев,зашто кога ќе дојде Исус, ќе дојде по црквата, својата Невеста.
и да ја претстави пред Себе славната Црква, која нема дамка, ниту брчка, или нешто слично, за да биде света и непорочна.
Ефешаните 5:27 MKB