Служители
Ракоположени Епископи на Црквата се Константин и Милена Кајшаров кои се помазани од Бога во 2013 год. преку ракополагање од христијански епископ и месијански евангелист од Израел, за да бидат пастори – духовни водачи, христијански душогрижници за луѓето, кои се стремат да ги доближат до Бога преку Божјото Слово за нивно спасение, исцелување и осветување.
ЕПИСКОПИ
КОНСТАНТИН И МИЛЕНА КАЈШАРОВ
Служењето на Епископите Кајшаров се манифестира со Мисијата Живо Христијанство движена со силата на Светиот Дух проследена со знаци и чуда, исцелувања, пророкувања и евангелизација кое е за Слава на Бога бидејќи само Господ Исус Христос исцелува, ослободува и спасува.
Крајната цел е новородените Христијани да станат живи храмови на Бога движени од Светиот Дух кои ќе ја спроведуваат власта во Името на Господ Исус Христос живеејќи победнички со жива вера. Епископите Кајшаров често патуваат на конференции и мисии низ светот за да ја проповедаат Благата Вест на секое создание, но организираат и семинари, школи, обуки и кампови во кои Христијаните се обучуваат и подготвуваат за служба со Плодовите и Даровите на Светиот Дух, развивајќи лична врска и зависност само од Бог.
Константин беше поттикнат кон конечно заокружување и дефинирање на мисијата и делата, а тоа е поттикнување на верата кај луѓето во Господ Исус Христос, зависност од Словото Божјо и Светоста како стремеж, за луѓето да станат живи храмови на Божјиот Дух. Од тогаш Константин како новородена личност ги остава сите дотогашни методи на делување и јавно го признава своето посветување во христијанство, кое му носи многу предизвици. Тој искусува Божја интервенција преку Светиот Дух кој го води во духовна дисциплина и без религиозна пропаганда или влијанија, тој започнува да сведочи, да евангелизира и да досегнува до многу луѓе. Константин започнува со молитвата кон Бога да им служи на луѓето во исцелување и ослободување како и во нивно духовно изградување. Тој изјавува јавно дека ниту еден метод, техника или начин не води до совршени резултати во исцелување и трансформација на луѓето, како што тоа е Евангелието и љубовта на Бога и Неговата Сила манифестирана преку Светиот Дух, а во име на Господ Исус Христос. Тој тврди дека спасението на човекот е најважно и дека исцелувањето е пропратен благослов како израз на Божјата добра и совршена волја за луѓето.