Богослужба: Големото разобличување

19
Јул

„Господ ги казнува оние што ги сака и ги укорува оние што ги прифатил за Свои чеда.“ е пишано во Словото, па така и родителот кој го љуби своето дете го разобличува неговото однесување, некогаш со укор за грешките, а некогаш со љубов и пофалба за доброто.

Такво разобличување заради Божјата љубов се случи и на вчерашната Богослужба одржана во ХЦ Блага Вест во РМ. од Епископ Константин Кајшаров каде тој, како духовен родител, ги потсети верниците дека однесувањето на Божјите деца треба да биде со постапки водени од Христовата љубов, додека Пастор Ќамил Зекироски и Пастор Јулијана Спироска истакнаа вредни примери во нашата Црква на посветени и плодни верници водени од Божјата љубов и сочувство.

Благодарни на Бога за овие поуки и охрабрувања, сите заедно во еден глас радосно Го прославија Господ Исус Христос и заминаа со разгорени срца во Христовата љубов.