05
Јул
Љубовта од Бога граници нема, таа jа пои душата – одекнуваше од усните на сите присутни во ХЦ Блага Вест во РМ во Скопје, каде на 04.07.2026, во динамична атмосфера се одржа редовна Богослужба со многу поучна и јасна проповед од Епископ Константин Кајшаров која ја освежи нашата душа.
После заедничката молитва примивме Спомен Господова Вечера, а потоа се продолжи радосно во славење на Исусовото Име со нови песни кои беа вистинско летно освежување. Му благодариме на Господ Исус Христос што нѐ учи да примаме и да даваме од Неговата љубов и на злото да враќаме со добро!