Библиска школа: Рема (втор час)

06
Сеп

Во ХЦ Блага Вест во РМ вчера продолжи Библиската школа „Rhema“ со темата „Создавање и Саботната починка според Новиот Завет“ со цел да се постави темелот за духовен раст и зрелост на верниците преку подлабоко запознавање на Библијата, но и продлабочување на нивниот личен однос со Господ Исус Христос.

Духовно освежување и потик за секој верник да го следи Христос и Неговото учење, да одмара во Божјата починка, потпирајќи се на Божјите ветувања.

Исполнети со радост и силни впечатоци, продолживме со заедничко дружење и споделување, кое ги зацврсти уште повеќе нашите меѓусебни пријателства.

Придружи се и ти, обогати се духовно!