16
Авг
Епископ Константин Кајшаров во својата проповед на вчерашната Богослужба која се одржа во ХЦ Блага Вест во РМ во Скопје, го разобличи постоењето на различни демони,потенцирајќи дека во моќното Име на Господ Исус Христос имаме власт и Авторитет над тие зли сили. Нашиот духовен Авторитет доаѓа од личниот однос и нашата вистинска релација со Бога и нè прави победници над секоја ситуација, па затоа треба постојано да го спроведуваме, како што нè поучува Библијата.
Потоа сите присутни зедоа Господова Спомен Вечера и со благодарни и радосни срца Го прославија Исусовото Име, зошто сè е од Него, преку Него и за Него!