Што ако зад вашите видливи проблеми стои невидлива духовна битка?

21
Сеп

На Богослужбата во ХЦ „Блага Вест“ во РМ одржана викендов во Скопје, во третиот дел од серијалот „Божјиот авторитет“, Епископ Константин Кајшаров библиски го разобличи дејствувањето на духот Левијатан и како тој дејствува.

Но, пораката не беше порака на страв, туку на ПОБЕДА: ниту една демонска сила нема поголем авторитет од Името на Господ Исус Христос!

Оваа вистина не остана само проповедана, туку беше и практично применета за време на службата за ослободување и исцелување предводена од Епископ Кајшаров, каде присутните доживеаја ослободување, исцелување, утеха и охрабрување, а многумина беа поттикнати искрено да го преиспитаат својот живот и да Му го предадат на Господ она што со години ги држело заробени. Сите со благодарни срца Го прославија Бога за слободата што ја имаме во Христа, бидејќи темнината мора да се повлече таму каде што се спроведува Божјиот авторитет!

„Ако Синот ве ослободи, навистина ќе бидете слободни.“ – Јован 8:36

Споделете ја оваа порака. Можеби токму денес некој треба да слушне дека во Господ Исус Христос постојат надеж, ослободување и нов почеток!