16
Јул
Во сплотеност, љубов и единство во Духот вечерва во ХЦ Блага Вест во РМ се одржа МОЛИТВЕН ЧАС СО ЗАСТАПУВАЊЕ И ЗАЕДНИШТВО со силни молитви, духовно војување, објавување на Божјите ветувања кои се за добро, иднина и надеж за сите и прокламирање на Божјото Слово кое исцелува, преобразува и обновува. Допрени од Божјото присуство, присутните си заминаа со радост и благодарност кон Господ Исус Христос, со жед и копнеж за повторна молитвена средба.