Служби
Мисијата на нашата Црква се реализира преку службите за изградување на Христовото Тело: апостоли, пророци, евангелисти, пастори, учители.
Службите коишто ја изразуваат Мисијата на нашата Црква позната како Мисија Живо Христијанство се:
- Служба за Исцелување и Ослободување на луѓето од болести, демони, проклетства и маѓии преку молитва во Име на Господ Исус Христос.
- Служба за учеништво, Славење на Бог и Евангелизација.
- Служба за Посветување на деца, Крштевање во вода и Дух, Венчавање, Погреби.
Основоположник на Христијанска Црква Блага Вест во Република Македонија е Господ Исус Христос кој е единствениот темел врз кој Црквата и нејзиното учење се основаат. Но, основната Мисија на Црквата е наречена Живо Христијанство која произлегува од самиот момент на новораѓањето на Константин преку Божја интервенција, искусување на Богојавление. Тогаш Господ Исус Христос му рече: „Ти ќе бидеш оној кој ќе ја поттикнува верата во луѓето која ќе биде мост низ кој Јас ќе дојдам во нивните срца.”
После Богојавлението во 2012 год. Константин беше поттикнат кон конечно заокружување и дефинирање на мисијата и делата, а тоа е поттикнување на верата кај луѓето во Господ Исус Христос, зависност од Словото Божјо и Светоста како стремеж, за луѓето да станат живи храмови на Божјиот Дух.
Од тогаш Константин како новородена личност ги остава сите дотогашни методи на делување и јавно го признава своето посветување во христијанство, кое му носи многу предизвици. Тој искусува Божја интервенција преку Светиот Дух кој го води во духовна дисциплина и без религиозна пропаганда или влијанија, тој започнува да сведочи, да евангелизира и да досегнува до многу луѓе.
Константин започнува со молитвата кон Бога да им служи на луѓето во исцелување и ослободување како и во нивно духовно изградување. Тој изјавува јавно дека ниту еден метод, техника или начин не води до совршени резултати во исцелување и трансформација на луѓето, како што тоа е Евангелието и љубовта на Бога и Неговата Сила манифестирана преку Светиот Дух, а во име на Господ Исус Христос.
Тој тврди дека спасението на човекот е најважно и дека исцелувањето е пропратен благослов како израз на Божјата добра и совршена волја за луѓето.
Мнозина животи биле досегнати од овој духовен рестарт во животот на Константин каде клиенти со сериозни заболувања, проблеми и тешкотии станувале сведоци на чудесни исцелувања и благослови кои Бог ги излевал во нивниот живот преку неговата исцелителна служба.
Епископите Константин и Милена Кајшаров се Божји служители, помазани од Бога преку ракополагање од христијански епископ и месијански евангелист од Израел, да бидат пастори – духовни водачи, христијански душогрижници за луѓето, кои се стремат да ги доближат луѓето до Бога преку Божјото Слово за нивно спасение, исцелување и осветување.
Токму тој повик го слушнаа од Бог и затоа служат во поттикнувањето на верата во Христа, користејќи современ пристап, близок до луѓето, преку сведочење од личното искуство за Силата на Бог, и за тоа како Господ Исус Христос ги спаси и самите нив.