- Овој настан помина
ДАНАИЛОВ ПОСТ
14/12/2025 @ 17:00 – 24/12/2025 @ 17:00
Христијанската црква Блага Вест во РМ објавува КОЛЕКТИВЕН ДАНАИЛОВ ПОСТ:
● започнува од зајдисонце (недела) 14.12.2025 година
● завршува на зајдисонце (среда) 24.12.2025 година
ЦЕЛИ НА ПОСТОТ
1. Спасение на израелскиот и секој друг народ, мир во Израел, Украина и светот, обединување на Христовото тело од целиот свет!
2. Божја заштита и раст на Мисијата Живо христијанство, црквата Блага вест во РМ и службите, исцелување, здравје и сила на верниците, развивање на Христолик карактер кај верниците, со вера, зависност и послушност на Бога и Божјото Слово! Радосно исчекување на Христовото доаѓање и подигање на црквата!
3. Спасение на македонскиот народ, напуштање на гревот, за Богоугодно лидерство во власта, со страв од Бога, напредок и духовно оживување на земјата!
4. Божја заштита и водство на епископите Кајшаров, пасторите, служителите и нивните семејства, здравје, сила и напредок во животот и службата, препознавање, раст и заштита на Божјото дело преку нив!
ПОСТОТ СЕ ОДВИВА НА СЛЕДНИОТ НАЧИН:
■》ПРЕБИВАМЕ во Божјо присуство преку читање Слово, молитва, славење и обожување на Бога, се препуштаме на Господа, од Него добиваме духовна сила.
– МОЛИТВИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПОСТОТ ТРЕБА ДА СЕ СО ОБЈАВУВАЊЕ НА БОЖЈИТЕ ВЕТУВАЊА ВО ИМЕТО НА ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС.
-А НЕ СО ПРОСЕЊЕ, ОПЛАКУВАЊЕ ИЛИ ИЗЈАВИ ОД ТИПОТ:
“ДА БИДЕ ОВА ГОСПОДЕ”
ИЛИ ПАК “НАПРАВИ ГО ОВА ГОСПОДЕ”
ИЛИ ПАК “ДАЈ ГОСПОДЕ”
ЗОШТО? БИДЕЈЌИ СЕТО ТОА ШТО Е ПОТРЕБНО БОГ ВЕЌЕ ГО ОБЕЗБЕДИ ЗА НАС И Е ДОСТАПНО ПРЕКУ ХРИСТОС.
■》КОНСУМИРАМЕ храна од неживотинско потекло – секаков вид зеленчук (свеж варен, печен), бесквасен леб, зимница (ајвар, пинџур, лутеница, туршија, доматен природен сос), сите семиња и јаткасти плодови, сите видови на незасладено растително млеко, соино млеко, растително сирење (тофу) , билки, зачини, сол, пипер, хумус, пијалоци – вода, какао.
■》НЕ ТРЕБА ДА КОНЗУМИРАМЕ ХРАНА од животинско потекло, сите видови месо и животински производи, сите млечни производи, сите засладувачи (шеќер, мед и вештачки засладувачи), сите рафинирани и процесирани храни – вештачки вкусови, хемикалии, адитиви, конзерванси, бело брашно, пијалоци – алкохол, газирани пијачки, кафе, енергетски пијалоци, билни чаеви и други чаеви.
■》СЕ ВОЗДРЖУВАМЕ од сето она што ни претставува навика, задоволство, потреба (ТВ, социјални мрежи, кафе, разговори за недуховни теми итн.), не правиме компромиси, не создаваме идоли (од пари, личности итн.)
● Постот НЕ ТРЕБА да претставува религија, правило, навика, туку треба да биде со копнеж за Бога.
● ДОЗВОЛУВАМЕ Бог да ни е најважен, Божјото присуство да не исполнува, Божјата благодат да не обновува.
ИСУСОВИ ЗБОРОВИ:
„Напишано е дека не само со леб ќе живее човекот, туку и со секој збор Божји.“ (Лука 4:4)