Skip to content
Блага Вест • Христијанска Црква во РМ
  • Почетна
  • НастаниExpand
    • Календар
  • Блага ВестExpand
    • За нас
    • Служители
    • Служби
    • Црковни обреди
  • Новости
  • Влог
  • Контакт
  • македонски јазик
  • English
  • български
Донација
Блага Вест • Христијанска Црква во РМ

Празници

Home / Празници

ПРАЗНИЦИ КОИ СЕ СЛАВАТ ВО ХРИСТИЈАНСКА ЦРКВА БЛАГА ВЕСТ

Да бидеме живи Христијани значи да живееме за Бога и со Бога. Во нашето заедништво со Бога ние сме должни да Му служиме Него и да Го славиме и почитуваме во послушност и посветеност. Затоа празниците кои се празнувани од живите Христијани се изразуваат со собирање на верниците во црквата, молитви и славење на Бога, конференции, семинари, концерти, промоција на книги, читање од Библијата. Овие празници се:

Божиќ – Рождество Христово, празник кога сите верници собрани во црквата Го слават Бога и разбираат дека Божјиот Син кој Е уште пред настанокот на светот, се отелотвори на Земјата да ја исполни волјата на Отецот Небесен – спасение на човештвото.

Велигден – Воскресение на Господ Исус Христос – празник кога верниците во црквата Го слават Бога и разбираат што Исус направи на крстот за цело човештво, како умре, беше погребан и на третиот ден воскресна.

Педесетница – Духовден е 50-от ден од Воскресението Христово, денот кога Светиот Дух се спушти на Земјата врз Апостолите и тие беа облечени со сила од Бога за да служат со вера проповедајќи ја Радосната Вест Благата Вест насекаде. Овој ден е роденденот на првата Христијанска Црква, посебно значаен за Христијанската Црква Блага Вест во Р.М. која го следи Библискиот концепт на функционирање.

Денот на Реформацијата – верско-политичко движење насочено против католичката црква коешто го започнал германскиот свештеник Мартин Лутер во 1517 година и завршил со Вестфалскиот мир во 1648. Лутер се противел на политиката на папата на продавање проштални писма за гревовите, наречени индулгенции, како и на некои теолошки сфаќања на католичката црква. Резултат на движењето на Лутер е разбивањето на единството на католичката црква. Тој ги поставил основите на протестантизмот, кој заедно со православието и католицизмот е една од доминантните конфесии во христијанството.

Во текот на овие празници во Христијанска Црква Блага Вест во Р.М. отсуствуваат ритуали и традиционални белези како месење леб со паричка, посна храна, палење оган, бакнување икони, крстење со раце, фарбање јајца, одење по гробишта за Духовден и раздавање на храна, бидејќи сето ова е паганско и не е Библиски оправдано, т.е. Христос и Апостолите сето ова не го правеле.

Корисни линкови

  • Видеа
  • Галерија
  • Сведоштва
  • Дневни пораки
  • Повик

Црковни активности

  • Богослужби
  • Молитви
  • Водно крштевање
  • Крштевање со Светиот Дух
  • Господова спомен вечера

Скенирај ме

© 2025 ХЦ Блага Вест | Сите права се задржани.

Scroll to top
  • Почетна
  • Настани
    • Календар
  • Блага Вест
    • За нас
    • Служители
    • Служби
    • Црковни обреди
  • Новости
  • Влог
  • Контакт
  • македонски јазик
  • English
  • български